Рокерот Бора Ѓорѓевиќ со денови е под лекарски надзор.
Фронтменот на групата „Рибља чорба“ е во болница во Љубљана, а поради лошата здравствена состојба е на респиратот.
Според информациите на српските медиуми, пејачот бил интубиран и е во многу тешка состојба.
-За жал, состојбата уште е критична, а Бора е интубиран на одделението за интензивна нега, изјави извор за српските медиуми.
Сопругата на Бора, Дубравка, одбива да коментира на оваа тема.
-Сопругата не одговара и е далеку од очите на јавноста, што е сосема разбирливо во оваа ситуација, пишуваат медиумите.