Богдана Ражнатовиќ и Вељко вчера на 14 мај станаа родители по трет пат и тоа на момче, откако снаата на Цеца се породи во Белград.
Парот по Жељко и Крстан го добија и синот Исаија.
Иако Вељко од секогаш говорел дека сака многу деца, во јавноста тој неодамна признал дека Богдана смее да роди само уште едно дете.
Причината е тоа поради што Богдана се породува по трет пат со царски рез, а во своја изјава неодамна синот на Цеца изјавил дека по совет на лекарите таа само уште еднаш смее да остане бремена, со тоа што тоа ќе биде четврти пат и се би било поразлично од останатите три пати.
„Ова се е од Бог, ништо вештачки немам направено, ниту ова дете… ништо не знаевме ни што е ни како е, како Бог сакаше, така и е. Јас се надеван дека четвртото навистина ќе биде девојче и дека ќе биде татина принцеза. Ќе има разлика помеѓу нив, тоа сигурно“, изјавил Вељко неодамна.