Сопругата на Вељко Ражнатовиќ, Богдана се појави на премиерата на филмот „Недела“ во чест на пејачот Џеј Рамадановски.
Богдана се обиде да ги одбегне камерите, па во салата влезе неколку минути пред да започне филмот, меѓутоа камерата на српскиот Телеграф ја улови на лице место.
Младата мајка на две, а наскоро на три деца блескала во црн фустан, додека трудничкиот стомак и бил во прв план.
Таа заедно со внуката на Цеца бараше место каде да се смести, обидувајќи се да не го привлече вниманието на луѓето, особено на медиумите.
Инаку таа е во шестиот месец од бременоста, а наскоро парот се очекува да го добие и третиот син.