Снежана Ѓуришиќ се огласи по лажната вест дека починала.
Имено, на социјалните мрежи се појави нејзин некролог. Пејачката дошла во ситуација да пријави лажна објава во која била прогласена за мртва, а во веста било наведено дека таа починала од срцев удар.
-Пред некој ден на Фејсбук беше напишано дека сум починала од срцев удар. Не знам што се случува во главите на луѓето кои чувствуваат потреба да објават дека некој починал. Секако, негирав и пријавив. Сум умрела неколку пати, Бог да ме прости, низ смеа изјави таа.