Пејачката Барбара Бобак доживеала драма на аеродром, кога останала без куферот, што, како што признала, често и се случува.
Во еден момент се пошегува дека во куферот има многу пари.
-Веќе стана традиција, секогаш кога доаѓам овде останувам по еден час на аеродром затоа што недостасува некој дел, опрема, инструмент или куфер и слично. Куфер полн со пари, се шегувам секако, не сум луда да носам таков куфер, рекла таа, а потоа додала:
„Работата од пет дена ја намалив на три дена во неделата, сега ќе одморам еден, два, три дена“.