Ана Станиќ најде начин да го запре времето. Таа има 48 години, а многумина велат дека никогаш не изгледала подобро.
За ова секако придонесуваат здравата исхрана, вежбањето, љубовта и хармоничниот семеен живот.
Популарната пејачка не само што нема ни грам целулит, туку се појави во модел на костими за капење што го прослави Памела Андерсон. Таа лесно можеше да заземе висока позиција во натпреварот за најубава „чуварка на плажа“.
На прашањето како се бори против најголемиот непријател на жената, целулитот, Ана еднаш одговори:
„Сакам да одам на масажа на стапала, па мислам дека направив нешто добро за мојата кожа и нозе. Обично имам целулит во зима затоа што седам многу и јадам потешка храна, но како што се приближува топлото време, почнувам да се движам повеќе, ја менувам исхраната и сè се враќа во нормала. Не верувам премногу во антицелулитни креми или третмани, туку во добри масажи, физичка активност, многу вода и контролирана исхрана“.
Се грижи и за кожата, особено додека е на одмор во потоплите предели.
-Не сум од оние луѓе кои секогаш кога излегуваат од дома ставаат заштитен фактор на лицето и телото, но на море тоа го правам многу често. Свесна сум за опасностите од сонцето, но во исто време секоја “плавуша“ знае дека најдобро изгледа кога е исончана, изјави Ана за „Стори“.
View this post on Instagram