Познати Да се бориш за својот син

Ана Бекута со силна поддршка за Северина: Ќе се најде ли некој конечно да стави крај на агонијата на една мајка?

„Јасно ми е дека Северина може да им пречи на некои“.

Ана Бекута со силна поддршка за Северина: Ќе се најде ли некој конечно да стави крај на агонијата на една мајка?

Врховниот суд во Хрватска целосно му го врати старателството на Александар Поповиќ на неговиот татко, бизнисменот Милан Поповиќ, што значи дека целосно и е одземено старателството на хрватската пејачка Северина.

Многумина искажаа јавна поддршка кон пејачката, но најемотивните зборови ги упати нејзината постара колешка, Ана Бекута.

– Ќе се најде ли некој кој конечно ќе стави крај на оваа агонија на една мајка? Дали тие што одлучуваат за судбината на нејзиното дете имаат свое дете? Ако немаат дете, имаат ли барем своја мајка? Ако ниту имаат дете ниту ја познаваат мајката, дали имаат зрнце совест? Како е можно во Европската унија здрава и вистинска мајка да биде лишена од дете кое сака да живее со неа? Ако ова ѝ се случува на Северина, што, побогу и се случува на некоја непозната, кутра жена која нема простор, нема адвокат, нема средства да се бори за своето дете, напиша Бекута и продолжи:

– Јасно ми е дека Северина може да им пречи на некои – на луѓето отсекогаш им пречеле убави, паметни и силни жени. Ама не ми е јасно, со години не разбирам како тие што одлучуваат за судбината на тоа момче не размислуваат за него? Можно ли е омразата кон Северина, склоноста кон корупција и гнилоста на системот да е посилна од емпатијата за момче кое ништо од никого не криело и сака да биде со мама? Северина, немаш друг избор освен да истраеш и да се бориш. Нема друг начин освен да стискаш заби како изминативе 11 години и да се бориш за својот син. И тој и ние знаеме колку го сакаш. Држи се. Ние те сакаме.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ana Bekuta (@anabekuta1)

To top