Познати

18 МЕСЕЦИ ЗАТВОР: Падна првата пресуда за убиството на Халина Хачинс, еве што се случува со Алек Болдвин

Судењето на Алек Болдвин, кој е и копродуцент на филмот, покрај главната улога, е закажано за 10 јули.

18 МЕСЕЦИ ЗАТВОР: Падна првата пресуда за убиството на Халина Хачинс, еве што се случува со Алек Болдвин

Оружарката од филмот „’Рѓа“ Хана Гутиерез-Рид денеска е осудена на 18 месеци затвор за смртта на Халина Хачинс.

Хана беше прогласена за виновна за убиство од небрежност во март, а казната што и е изречена денеска е најтешката казна досега во правниот спор околу смртта на Хачинс, односно трагедијата на сетот на филмот „Рѓа“. Случајот се уште е далеку од завршен, пишува Гардијан.

Судењето на Алек Болдвин, кој беше копродуцент на филмот покрај главната улога, е закажано за 10 јули, откако големата порота го прогласи за виновен за убиство од небрежност.

На поротата во Санта Фе и беа потребни помалку од два часа за да ја прогласи Хана за виновна за убиство од небрежност на 6 март, при што еден поротник рече потоа дека обвинетата не ја завршила „својата работа“ за да се осигура безбедноста на пиштолот на снимањето.

За време на судењето, обвинителот ја обвини Гутиерез-Рид дека не ги почитувала основните безбедносни процедури и дека го наполнила целосно функционалниот револвер што го користел Бодлвин со лажни куршуми и најмалку еден вистински куршум. Во пукањето загина Хачинс (42), а режисерот Џоел Соуза беше ранет.

– Беше несовесна, немарна и непромислена – рече обвинителката.

Пукањето на сетот поттикна негодување за опасните работни услови во Холивуд. Членовите на филмската екипа кои сведочеа на судењето Гутиерез-Рид опишаа хаотична сцена во која безбедноста беше „на последната страна“, при што еден рече дека се снима со „смешна брзина“.

Најнови вести од Познати

To top