Познати

17 години од смртта на Лучано Павароти

17 години од смртта на Лучано Павароти

Светот на денешен ден, 6 септември во 2007 година, му кажа збогум на светски познатиот италијански тенор Лучано Павароти.

Тој почина во родниот град Модена. На Павароти му беше поставена дијагноза рак на панкреас по што му беше направена операција. Неговата светска слава почна на 17 февруари 1971 година со настапот во њујоршкиот Метрополитен.

Во 1990 година се здружи со Хозе Карерас и Пласидо Доминго и го формираа триото „Три тенори“ со кое постигна светска слава и донесоа нов поглед кон операта. Познатата арија на Пучини, „Несун дорма“ од операта „Турандот“, Павароти ја направи „своја“, стави свој потпис, а со неа го отвори светското првенство во фудбал во 1990. како и зимските олимписки игри во Торино.

Еден од најпознатите негови цитати се однесува на шансите за посилно влијание на операта врз младите. „За да преживее операта денес, потребна е не само нова музика туку и извонредни и возбудливи нови пејачи“.

Павароти доби неколку „Греми“ награди. Поради здравствените проблеми тој се прости од настапите во 2004 година.

Роден е во Модена на 12 октомври 1935 година.

To top