Синовите на некогашните членови на поп-рок составот „Битлс“ – Џон Ленон и Пол Мекартни, објавија заедничка песна за познатиот парк „Примроус Хил“ во Лондон.
Џејмс Мекартни (46) и Шон Оно-Ленон (48) заеднички ја напишаа баладата „Primrose Hill“, пренесува лондонски „Телеграф“.
„Многу сум среќен што можам да ја споделам мојата најнова песна што ја напишав со мојот добар пријател Шон Оно-Ленон. Со објавувањето на оваа песна се чувствуваме како да се движиме сите заедно. Возбуден сум што ќе продолжам да споделувам музика со вас“, напиша Мекартни на Инстаграм.
Познатиот парк бил отворен во првата половина на 19. век на ритче во центарот на Лондон, а таму денес се наоѓа куќата на сер Пол Мекартни.