Прекрасната Нела од Скопје ја имаше својата прва проба на Јуниор Евросонг со песната Miracle. Таа на 13 декември ќе нè претставува на најголемиот детски музички фестивал во Европа.
Нела Манческа од Скопје, која во сабота (13 декември) ќе ја претставува Македонија на годинашниот Јуниор Евросонг, веќе ја одржа првата проба.
На официјалната страница на музичкото натпреварувањето беа објавени неколку фотографии од пробата на која првпат ја испеа песната Miracle.
Со пуштена коса со мали плетнки од страните и бело-сребрен фустан, Нела е како вистинска самовила. Taa веќе неколку дена е во Тбилиси, Грузија и ги почна своите подготовки за настапот, како и дружењето со другите учесници, од останатите 17 земји кои ќе се борат за победа.
Дека Нела ќе ја претставува Македонија беше најавено во јуни. Песната Miracle е дело на Лазар Цветкоски кој ја направи музиката, а текстот е на неговата сестра Магдалена Ена Цветкоска.
Годинашниот избор на Јуниор Евросонг е 23-ти по ред, а се одржува под мотото „Обединети со музиката“ (United by Music).
View this post on Instagram