Легендарниот американски рокер Фреди Салем почина на 70-годишна возраст. Гитаристот починал од „компликации од рак“, потврди неговиот поранешен бенд. Салем првпат се појавил со бендот „Outlaws“ на албумот „Playin’ to Win“ во 1978 година, една година откако го замени оригиналниот гитарист Анри Поло.
– Утрово небото се отвори поради доаѓањето на една легенда. Крајниот рок е пред нас, Фреди Салем. Додека не се сретнеме повторно – стои во соопштението на неговата Фејсбук страница.
Тој остана со групата да работи на следните 4 албуми и напишал неколку нивни хитови, вклучувајќи ги „White Horses“, „Long Gone“, „Devil’s Road“ и „Don’t Stop“.
Салем го напушти бендот во 1983 година. Тој првин бил тапанар и се префрлил на гитара на 15-годишна возраст. Салем бил единствениот музичар во неговото семејство. Во еден момент тој беше со својот бенд на турнеја со Ролинг Стоунс, нарекувајќи го искуството „неспоредливо“.
„Ниту еден друг бенд не прави светски турнеи како Стоунс“, рекол тој еднаш.
„Тоа е слично на патувачки циркус. Секогаш нешто се случува. Стоунси се однесуваа многу добро со нас. Искуството беше неспоредливо со се што сум доживеал, до ден-денес. Навистина брилијантно искуство.’
Салем снимил и соло албум наречен „Cat Dance“.
Британскиот басист Тони Френклин беше меѓу оние кои му оддадоа почит на починатиот музичар. „Тажен сум поради смртта на Фреди Салем. Драг пријател и музички придружник. Ќе ми недостигаат нашите живи муабети“, напиша тој на социјалната мрежа „Х“.