Музика

Полиглотски албум на прекрасната Агни Авшар: Уживање за сите сетила!

Полиглотски албум на прекрасната Агни Авшар: Уживање за сите сетила!

Во ова време-невреме на секаква музика, време е за нешто уникатно, нешто што ќе допре до вашите сетила и ќе ве натера да го сфатите вистинскиот поим на зборот – музика!

Работено со премногу љубов, труд и позитивна енергија – вака накратко може да се опише најновиот музички проект на едно од златните грла на овие простори, прекрасната Агни Авшар.

Станува збор за полиглотски албум на младата Агни, бидејќи во него таа изведува песни на пет јазици.

Насловот кој го носи истиот е “Yours Sincerely, HEART CORE” и на него има 7 веќе добро познати композиции..

“Да, албумот е од полиглотски карактер, односно пеам на 5 јазика, поточно на македонски, француски, шпански, англиски и италијански јазик. Тој е обработки на песни кои не се воопшто по случаен избор туку се едни од најубавите евергрини од повеќе географски одредници, говорни подрачја и музички епохи” – вели Авшар.

Она што посебно ја радува Агни, но и нејзиниот тим од соработници е ексклузивната можност да ја реанжираат една од најубавите македонски песни – “Еден бакнеж”, за која всушност одобрени им се и авторските права за истата.

“Она што е најинтересно кај албумот е тоа дека во аранжманите направивме спој помеѓу стандардниот џез комбо состав (кој вообичаено се состои од пијано, контрабас и перкусии) и класичниот гудачки оркестар. Значи еден прекрасен спој на џезот и класиката. Многу е важно да се спомене дека се што може да се слушне на албумот се само живи инструменти, нема ниту еден електронски звук или семпл” – ни изјави таа.

Инаку вокалот, идејата и реализацијата се на самата Агни, додека пак за целокупниот менаџмент и логистика се погрижи Владимир Цветковски, а аранжманите ги распиша Владимир Димовски.

Со други зборови, ова е музичко богатство за сите оние кои сакаат убава и музика со душа…

Албумот нема да биде во продажба, но него ќе може да го слушате на сите музички платформи како “Епл”, “Јутјуб”, “Дизер”, “Спотифај” и останатите…

To top