„Те сакам, до небо и назад, те сакам како море без крај.. Секој миг со тебе, мој доме, те сакам засекогаш, во секој здив, засекогаш ти, само ти…“
Ова се само дел од стиховите на новата песна „Те сакам“ на пејачката Мими Јовановска. Песна полна со емоции, од која се воздивнува, песна пеку која говори душата, се изразуваат најдлабоките чувства, се љуби, се гушка и се ежи кожата.
Мими ја промовира баладата со најубав наслов- „Те сакам“.
-Со голема радост ја претставувам мојата нова песна, искрена љубовна приказна која ја носам во себе долго време. „Те сакам“ е нумера во која сакав да ја ставам целата топлина, нежност и сила што ја носи љубовта. Тоа чувство што го следи човек од „вчера, денес и засекогаш“, како што пеам и во самата песна. Оваа песна за мене е потсетник дека љубовта не исчезнува ни кога денот е сончев, ни кога небото ќе повлече сивило. Токму затоа „Те сакам“ ја посветувам на сите кои веруваат во чиста, искрена и трајна љубов, вели Мими.