Музика

Пајак му направи модерна песна на пејачот Ѓоко Јовиќ, слушнете ја

Верувам дека многумина ќе се препознаат во темата и ќе уживаат во се што работевме изминатиов период, вели пејачот Ѓоко Јовиќ.

Пајак му направи модерна песна на пејачот Ѓоко Јовиќ, слушнете ја

Пејачот Ѓоко Јовиќ ја објави својата најнова песна која го носи насловот „Стари навики“, а за истата сними и модерен спот.

Музиката и текстот се дело на Христијан Настески – Пајак, додека аранжманот го направи Иван Јованов – Ивајо.

Спотот е малку поразличен од она на што е навикната неговата публика. Станува збор за спот со специјални филмски ефекти какви што гледаме во светските спотови. Целата идеја и реализација на видеото е дело на продукцијата „Урбан Рекордс“.

– Овој проект е продолжение на претходниот кој го работевме со Пајак и многу сум среќен што првите реакции од публиката се одлични. Верувам дека многумина ќе се препознаат во темата и ќе уживаат во се што работевме изминатиов период, вели пејачот Ѓоко Јовиќ.

Како потсетување, пејачот Ѓоко Јовиќ изминатата година објави четири нови песни и филмски проект „Послушајте патриоти“.

Годинава ја започнува со „Стари навики“ во соработка со младиот артист Пајак, а веќе работи на новите материјали кои јавноста многу скоро ќе ги слушне. Со својот бенд „Енерџи Бенд“ настапува низ целиот свет, а традиционално, секоја година има и австралиска турнеја.

To top