„У љубави смо краљеви и просјаци“ е насловот на новата песна на Владо Калембер, што ја потпишуваат: Григор Копров – музика, Саша Драгиќ – текст, Владимир Дојчиновски – аранжман.
Најавено е песната да има и спот, како и набргу да може да се чуе и на македонски јазик.
Како што се појаснува во соопштението, Копров веќе има напишано една песна за Калембер – „Добра ноќ заљубени“ за „Макфест 1988“ и оттогаш трае нивното пријателство што резултира и во професионална соработка.
Калембер е роден во Струмица и вели дека многу ја сака државава.