По неодамнешните објави дека бендот е повторно креативно активен и веќе наголемо го подготвува новиот материјал кој ќе се најде на нивниот претстоечки албум предвиден да излезе некаде пред Нова година, „Меморија“ тргна со издавањето на неколку синглови. По првата песна која неодамна осамна во македонскиот радиоетер и веќе се врти на македонските радија, гитарската рок балада насловена „За тебе“, деновиве се појави втората.
Во прашање е идна интересна преработка во која е вткаен спој од 4 рефрени на познати македонски народни песни со патриотска содржина. Направени како своевидно медли во која се испреплетуваат препознатливиот гитарски звук и моќните вокали кои ги пеат рефрените на познатите: „Едно име имаме“, „За многу години Македонци“, „Заветна“ и „Налеј , налеј“ создаваат една компактна целина која предизвикува ежење и морници кога ќе ја слушнете. Не дека песните се непознати и дека други претходно не ги обработувале, но ваквата музичка синтеза на фрагменти од различни целини, толку совршено вклопени едни во други, дава димензија возвишено чувство кај секој вистински патриот, кај секој Македонец кој искрено си ја сака и почитува татковината. Музички колаж во секој коцка од мозаикот си го нашла своето место, иако припаѓаат на сосема различни целини. И сето тоа насловено како „Македонски бисери“, што навистина и се… И тоа музички, само сега извадени и претопени во еден поголем, ставен во една друга, поинаква школка.
Аранжманот на вака спакуваното музичко парче го потпишуваат Петар Георгиевски – Камиказа, Давор Јордановски и Мите Димовски, во чие студио студио „Тра ла ла“ е снимена песната, а како продуценти на истата се јавуваат Мите Димовски и Давор Јордановски, додека извршен продуцент на проектот е Петар Георгиевски – Камиказа.
Покрај оваа во најава се уште неколку други песни, на кои автори ќе бидат и дел од останатите членови на групата, кои ќе го комплетираат материјалот за албумот. Новите песни ќе излегуваат една по една во етерот, се’ до големиот скопски концерт кој „Меморија“ го најавува за наесен, на 16-ти ноември годинава на истото место, во арената „Борис Трајковски“ во Скопје, како место каде ќе бидат концертно во живо промовирани новите песни, но и повторно отсвирена ретсроспектива на најголемите досегашни хитови.
Целата вест прочитајте ја на ВИСТИНА