„Македонската радио телевизија“ објави повик за аудиција на вокален интерпретатор кој ќе нѐ претставува на Детската Евровизија што во ноември ќе се одржи во Мадрид, Шпанија.
– Пријавените кандидати треба да се на возраст помеѓу девет и 14 години на денот на финалната манифестација, 16 ноември, пишува во повикот.
Најавено е аудицијата да се одржи на 19 јуни, а пријавувањето е отворено заклучно со 17 јуни. Сите кандидати треба да се државјани на Република Северна Македонија или да имаат регулиран престој во државава.
Нашата држава, лани во Франција ја претставуваше Тамара Грујеска со песната „Кажи ми, кажи ми кој“.