Светски познатиот македонски музичар, Владимир Четкар во недела на 19 јанури, на денот Богојавление (Водици) ќе го издаде својот нов студиски албум „Let Us Be“ на сите дигитални музички платформи во
светот.
Албумот „Let Us Be“ кој досега беше ексклузивно издаден само во Јапонија преку музичката куќа P-Vine Records е четвртиот по ред студиски албум на Четкар во кој тој се јавува како комплетен автор (композитор, аранжер, продуцент, текстописец диригент и изведувач). „Let Us Be“ е сниман во Америчките студија Electrical Audio во Чикаго и Hi-Fi Studios во Милвоки со живи гудачки, дувачки и ритам секции.
Новиот албум на Четкар ќе е исто така достапен и во цеде издание а во Македонија ќе може да се купи во музичката продавница Чув Де Чув во Скопје.