Роден на 30 јули далечната 1952 година во Белград. Тој е еден од најпознатите градски, урбани српски кантавтори, а воедно е и гитарист, композитор и пејач, еден од најрепрезентативните претставници на југословенската поп-рок сцена во 1970-тите и 1980-тите години.
Својата музичка кариера ја започнал кон крајот на 1960-тите во белградските клубови, инспириран од американскиот рок и кантри звук. Неговиот стил се одликувал со комбинација на рок звук, мелодични балади и микс од љубовни и ангажирани текстови. Почетокот на 1970-тите го наметнува како еден од пионерите на „кантавторскиот“ израз на просторите на поранешна Југославија.
Снимил повеќе албуми кои оставиле значаен белег во поп-културата на поранешна Југославија, а некои од неговите најпознати песни се љубовни балади и меланхолични рок нумери. Познат е по автентичниот вокал и по тоа што самиот ги пишува текстовите и музиката за најголем дел од своите песни.
Покрај самостојната кариера, соработувал со многу истакнати музичари и групи од поранешна Југославија, учествувал на бројни фестивали и настапувал низ целиот регион. Неговиот влијание врз подоцнежните кантавтори и рок музичари е значајно, а критичарите го вбројуваат меѓу најважните автори од тој период.
И денес е активен како изведувач и композитор, а неговото творештво често се смета за мост меѓу класичниот рок израз и југословенската школа на кантавторството.
Легендарниот кантавтор во последните неколку години започна да пишува и да објавува и романи. Некои од неговите книжевни дела се насловите: „Жици“, „ОК, ќе се пресоблечам“ и „Можев да бидам геј“.
Музичарот истакнал дека почувствувал силна потреба да започне со пишување кога „срцето му било полно” – кога животот го проживувал со силни емоции, спомени и болка, што го поттикнало да ги преточи животните искуства во проза. Искрата за пишување на првиот роман настанала поради губење блиска личност – што го навело да преиспита и да запише сè што поминал и што го обележало.
Во своите интервјуа потенцира дека му е важно да остане искрен, да пишува за теми за кои другите молчат, да се пробие во длабочината на емоциите и судбините на луѓе кои се изгубени или на работ на општеството, но и дека литературата може да биде терапија.
Токму за неговото музичко и книжевно авторство, за познанството и соработката со најголемите имиња на екс ЈУ рок сцената како Бора – Чорба, за актерската улога, студиите по политички науку, поседувањето на првиот приватен бутик за гардероба во Белград, за неговото кантавторство, личниот печат во песните, загубата на најсаканата личност, за оние и овие времиња и нивната вредност односно површност…
И за уште дузина повеќе или помалку познатим, но и сосема неоткриени лични работи од неговата приватност и творештво ни открива легендарниот југословенски кантавтор Срѓан Марјановиќ, кој ни е уште еден гостин во летната, од студиото дислоцирана варијанта на интер ток шоуто „Ништо лично“, чија премиера можете да ја проследите вечерва, среда, 24-ти септември од 20.00 часот ексклузивно на YouTube каналот на КурирМК (@Kurir.podcast).