„Лажни светови” е насловот на најновата песна на Бојана Скендеровски. Станува збор за одлична балада во која таа го покажува сиот свој раскош, сета своја емоција – „Лажни светови“ е вистинска емотивна, женска песна, која Бојана ја носи маестрално и го покажува сиот свој музички раскош.
Автор на музиката и текстот е Александар Тарабунов – Тара, додека аранжманот е со потписот на Димитар Андоновски.
„Одамна сакав ваква песна, сакав да отпеам нешто што ќе трае. Сакав песна со музика, мелодија и песна што ќе може да биде отсвирена во живо, со инструменти. Во денешно време на компјутерска музика ни недостасуваат песни со мелодија отсвирени во живо“, рече Бојана и призна дека верува во „Лажни светови” зашто е направена со многу љубов, емоции.
За песната е снимено и видео кое е работено под капата на Скендеровски продукција, во кое главната улога инприпаѓа на Бојана, а акцентот е ставен на емоцијата. Бојана се појавува во неколку интересни креации за кои беше задолжена Ивана Кнез.
Тука не завршуваат новитетите кога е во прашање името на Бојана и Скендеровски продукција – имено на 23 март стартува втотиот дел од караванот „Македонијо во срце те носиме“.
Прв на списокот градови е Свети Николе. Концертот е закажан на 23 март на Тодорова сабота, а стартот на концертот е во 14 часот и истиот ќе се одржи во рамките на прославата која е традиционална во овој град и е по повод овој убав празник.
Значи, убавата македонска песна продолжуваме да ја славиме и оваа година, а пораката останува иста – дојдете заедно да пееме и да ја обоиме Македонија со најубавите звуци и, се разбира, да го зачуваме највредното – музичкиот аманет што ни го оставиле генерациите пред нас.