Кога се раѓа Македонец, не се раѓа само човек – се раѓа завет, се раѓа пламен што не може да згасне. Токму тој пламен го носи осмата песна од проектот МАКЕДОНИУМ – „Кога се раѓа Македонец“.
Во изведба на Ѓоко Јовиќ и Јована Богданоска, ова дело е химна на достоинството и потсетник дека духот на Македонизмот е бесмртен.
Како автор на песната и видеото се потпишува продуцентот Темелко Андреев, чија визија го обликува МАКЕДОНИУМ како споменик за следните генерации.
Оваа песна е посвета на хероите од единиците САЕ Тигар и ЕБР – оние што својот живот го положија за Македонија. Нивната жртва е коренот од кој никнува новото поколение, нивната светлина е факелот што го осветлува патот кога се раѓа Македонец.