Музика на 12 април во мнт

„Кејф“ – нов студиски албум на Васил Хаџиманов Бенд

„Кејф“ – нов студиски албум на Васил Хаџиманов Бенд

Во фоајето на Македонски народен театар денеска од 12 часот ќе се одржи прес-конференција на Васил Хаџиманов Бенд за новиот студиски албум со наслов „Кејф“.

Албумот „Keyf“ е осми студиски албум на бендот и објавен е во дигитален и CD формат од страна на хрватската издавачка куќа Croatia Records. Концертната промоција на албумот ќе се одржи на 12 април во Македонскиот народен театар

Содржи девет песни продуцирани од Васил Хаџиманов, Марко Периќ и Тони Китановски.

Васил Хаџиманов е музичар со единствен сензибилитет. Како пијанист, композитор, аранжер и педагог, тој е незаменлива врска на регионалната џез сцена и поединец кој во себе носи дел од своите предци кои, секој на свој начин ги обележија музичките простори на Балканот.

To top