„Не ти стои“ е насловот на новата песна на Јован Јованов. Ова е негов прв соло-сингл по 17 години, откако Јован пред извесно време се врати на сцената – прво со ремиксот на култната „Магија“ во соработка со Пајак, а потоа и дуетот „Адреналин“ што го испеа со Елвир Мекиќ.
– Среќен сум што после толку години направив песна којашто, се надевам, ќе им се допадне на оние што растеа со моите песни, но и на помладите, кои денес ја откриваат музиката од тоа време. И сигурен сум дека заедно ќе ја пееме песната на концертот во јуни, изјави Јованов.
„Не ти стои“ е комплетно авторско дело на Јован – тој ги напиша музиката, текстот, а стои и зад аранжманот на песната.
Концертот што го планираат заедно со Елвир Мекиќ ќе се одржи во Арената „Борис Трајковски“ во Скопје на 6 јуни. Влезниците веќе во продажба.