Музика

Јоце Панов со нов концерт во Македонската филхармонија

Иако неодамна го објави видео записот за Нема жена како тебе, Јоце Панов не престанува да ја изненадува својата публика.

Јоце Панов со нов концерт во Македонската филхармонија

Иако неодамна го објави видео записот за Нема жена како тебе, Јоце Панов не престанува да ја изненадува својата публика.

По исклучителниот успех на 8 ми март минатата година, очигледно концертот на Јоце во Македонската филхармонија прераснува во настан што публиката го побара повторно.

Kартите за настанот ЈОЦЕ ПАНОВ – МАКЕДОНСКА ФИЛХАРМОНИЈА 2 се пуштени во продажба ТУКА.

Од ПР Тимот на Јоце велат дека интензивно работат на подготовка на овој проект во кој се ангажирани неколку десетици лица.

„Го подготвуваме секој детаљ, од медиумите како наши најголеми соработници, преку избор на песни, аранжмани, сцена … Јоце е влезен во студио и подготвува две нови песни, „Жено вистинска” и „Алкатраз” чија премиера ќе биде на самиот концерт”.

Кога традицијата ја создава публиката — таа трае.

Каква вечер на изненадувања ќе ни приреди овој пат Јоце, останува да видиме, а ако судиме по најавите, очекувањата се навистина големи.

To top