Еден од најпрепознатливите и најпочитувани гласови на македонската музичка сцена, златното грло Наум Петрески, повторно ја радува публиката со нова емотивна песна насловена „Една солза“.
Станува збор за композиција која носи силна емоција, искреност и препознатлива интерпретација – токму она по што Наум со децении е омилен кај слушателите од сите генерации.
Комплетен автор на песната е Јован Василевски, со кого Наум Петрески има долгогодишна и успешна соработка. „Една солза“ е песна што допира, потсетува и остава силен впечаток уште при првото слушање.
Новата песна воедно претставува и најава за интензивен и креативен период кој следува за Наум Петрески. Во наредниот период, публиката може да очекува многу нови песни, видеоспотови и интересни соработки, со кои овој Наум ќе продолжи да го збогатува македонскиот музички простор.
Покрај тековните проекти, веќе се најавува и нешто навистина големо, кое ќе се реализира во 2027 година и кое, според најавите, ќе биде еден од најзначајните моменти во кариерата на Наум Петрески.
Деталите засега се чуваат во тајност, но едно е сигурно – публиката ја очекува уште многу квалитетна музика и незаборавни моменти од златното грло на македонската музичка сцена.
Уживајте во “Една солза”: