Музика

Џејла Рамовиќ и Адил на заеднички настап во Охрид

Џејла Рамовиќ и Адил на заеднички настап во Охрид

Српската пејачка фолк ѕвезда Адил Максутовиќ и највпечатливата победничка од последните сезони на „Ѕвездите на Гранд“, убавата и сексапилна босанска пејачка Џејла Рамовиќ претстојниов викенд ќе имаат заеднички настап во Охрид.

Џејла и Адил ќе настапуваат во познатиот ноќен клуб „Хангар“ каде обајцата ќе пејат песни од својот познат репертоар на хитови.

Настапот е закажан оваа сабота, на 13-ти јули 2024 точно на полноќ, со почеток во 24.00 часот. Билетите се веќе пуштени во продажба, а инфо и резервации можат да се направат на објавените телефонски броеви.

Интересот е огромен, па затоа резервирајте си го навреме своето место во клубот, порачуваат организаторите на овој несекојдневен двоен вечерен концертен спектакл за уживање и одлична забава.

To top