Музика ВИДЕО

Дали првото место на “Ѕвездите на Гранд” ќе заврши повторно во Македонија? Андријана Петрушовска стана миленик на публиката

Дали првото место на “Ѕвездите на Гранд” ќе заврши повторно во Македонија? Андријана Петрушовска стана миленик на публиката

Младата и популарна пејачка Андријана Петрушовска во саботата уште еднаш докажа и покажа зошто е една од најсериозните кандидати за победа во големото музичко талент шоу “Ѕвездите на Гранд” оваа сезона.

Нашата Андријана ги освои сите гласови во полуфиналето и со тоа обезбеди директен пласман за во финалната вечер која ќе се одржи во сабота на 8-ми јуни.

Буквално атрактивната Петрушовска доминираше на сцената и со своите интерпретации ја воодушеви стручната жирикомисија на чело со директорот на “Гранд”, Саша Поповиќ.

Веднаш по завршувањето на полуфиналната вечер, Андријана објави фотографии со своите родители и напиша емотивни зборови за нив.

“Финалеееееее ❤️
МАМА и ТАТО – дефиниција за бескрајна, безусловна и вечна љубов! Мотивација за истрајност и неоткажување од соништата на едно мало девојче! Моите животни ментори и најголема поддршка! Родители, борци, мои херои!🤍
Финале за нив и за сите вас кои чекорите со мене во остварување на мојот животен сон!

Да пееме и славиме во финале! ❤️
Ве сакам сите! ❤️” – напиша Андријана на објавата.

За тоа, сабота на 8-ми јуни да ја поддржиме нашата Андријана и да се радуваме на уште една победа на Македонец во “Ѕвездите на Гранд”.

Погледнете го нејзиниот настап во полуфиналата вечер:

Нејзиниот настап е на 56:06.

To top