Музика

Бојана Скендеровски – Подготовките за Филхармонија и „БЕСМРТНА“ се во тек!

На 13 декември во Филхармонија, подгответе се за вечер што ќе ја почувствувате со срце, за музика која трае, за музика која е БЕСМРТНА.

Бојана Скендеровски – Подготовките за Филхармонија и „БЕСМРТНА“ се во тек!

Како што се приближува датумот за првиот солистички концерт насловен „Бесмртна“, така возбудата околу Бојана Скендеровски расте од ден во ден. Подготовките се во полн ек, а Бојана со голема посветеност работи на секој детал од вечерта која ќе го обележи нејзиниот дводецениски музички пат.

– Со нетрпение го очекувам овој концерт. Секој ден сум во сала, во студио, во процес на доработки… Сакам публиката да го почувствува тоа што го носам во себе и сакам сите да имаме една посебна и, пред сѐ, вечер која ќе биде уживање за сите сетила. Во меѓувреме подготвувам и едно мало, музичко изненадување, открива Бојана.

На 13 декември, во 20:00 часот во Филхармонија, публиката ќе ја доживее Бојана во едно ново светло – искрена, емотивна, уметнички зрела, подготвена да ја отвори својата душа на сцена. „Бесмртна“ ветува вечер исполнета со песни што допираат длабоко, чувства кои траат и моменти кои се паметат.

Овој концерт не е само уште едно појавување на сцената, тоа е голем чекор, затворање на 23-годишното поглавје и почеток на ново, уште посилно. Публиката ќе ужива во репертоар што ги спојува најубавите спомени со сегашноста и она што допрва доаѓа.

Билетите се достапни преку продажната мрежа на kupikarta.com, по цена од 800 и 1000 денари, зависно од местоположбата.

Најнови вести од Музика

To top