„Еден бакнеж“ е несомнено една од оние безвременски песни кои се слушаат за навека. Македонскиот евергрин, со кој Нина Спирова ќе ја освои првата награда на фестивалот „Опатија“ во 1962 година.
Автор на стиховите со универзални љубовни пораки е писателот Христо Крстевски (1941-2013) кој текстот го напишал кога имал само седумнаесет години, додека музиката е дело на композиторот Петар Пешев.
Песна која била изведена во многу верзии и доживеала мноштво аранжмански трансформации, но секогаш останала безвременска.
Можеби токму затоа во костец со ваква тешка задача се фатила и младата македонска поп, џез и блуз пејачка, Александра Трајческа, која е позната и како придружен вокал на прилепскиот „Crossroad Blues Band“ но и како соло изведувач, која најпрвин победи на македонското музичко талент шоу „Заблескај“, а потоа и блесна на минатогодишниот „Макфест 2023“.
Александра Трајчевска е еднакво маестрална во изведбата како и онаа оригиналната на Нина Спирова, но оваа на себесвојствен начин.
Со лична експресија која младата црвенокоса и ја вдахнала на песната за да звучи ем безвременски, ем современо!
Целата вест прочитајте ја на ВИСТИНА