На 26 -ти март годинава, младата Македонка, Тамара Грујеска настапуваше во финалето на фестивалската сцена во театарот Аристон во Санремо и го освои високото трето место.

Нејзината горда професорка Андријана Јаневска го обзанани на својот Фејсбук големиот успех на својата ученичка, каде напиша:
„Имаше над илјада пријавени кандидати, а Тамара се пласираше во големото финале каде после изведбата во живо со оркестар, во конкуренција од 25 финалисти го освои високото трето место. Честитки за извонредниот успех, Македонија се гордее со тебе!
Благодарност до сите кои ни дадоа поддршка!“ – објавила Андријана.
Тамара инаку се натпреваруваше во конкуренција на 25 финалисти, каде освен младата гостиварка настапија учесници од Казахстан, Белорусија, Франција, Јужна Африка, Црна Гора, Молдавија, Индонезија, Бугарија, Австралија, Италија, Украина, Бразил, Германија, Аргентина, Азербеџан, Финска, Узбекистан, Индија, Австрија, Романија, Русија, Тајланд, Ерменија и Малезија.
На фестивалот, кој годинава се одржуваше по шеснаесетти пат, младите пејачи пееја во живо, а нив ги придружуваше оркестарот на Сан Ремо составен од 32 музичари.