среда, 28. октомври 2020. Вести денес: 33
home Скопје

Делови од повеќе скопски општини утре без струја

Делови од повеќе скопски општини утре без струја

Заради технички зафати во дистрибутивната електромрежа без струја утре од 10 до 14 часот ќе бидат корисници од дел од ул.„Боца Иванова“ во општина Бутел.

Oд 8:45 до 10:45 часот корисници од бул. „Видое Смилевски Бато“ бр. 41 и околните објекти, како и од бул. АСНОМ бр. 38 и 42 со околните објекти во општина Аеродром.

Прекин во електричната енергија утре од 12:45 до 14:45 часот ќе има и за корисниците од ул. „Тодор Чангов“ кај подулиците 41, 47, 49, 51, 53, 55 и други во непосредна близина во општина Аеродром, од 14:30 до 18:00 часот корисниците од ул. „Христо Татарчев“ кај новиот кружен тек и подулиците 1, 3, 5, 7, 9 и 11 во општина Кисела Вода, а од  девет до 13 часот корисниците од дел од село Кондово во општина Сарај, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи Скопје.

Коронавирус