Промо

Во што е најдобро да се инвестира до крајот на 2024 година?

Во што е најдобро да се инвестира до крајот на 2024 година?

Каде да се инвестираат слободните парични средства и кога е вистинскиот момент е секогаш актуелно прашање.
Секој човек е поставен пред предизвикот во што да се инвестира, а инфлацијата да не ги “изеде” парите. И како она што го имаме денес, утре да добие поголема вредност.
Секој период носи извесни предизвици кои влијаат на нашите перцепции и очекувања. Дилеми секогаш постојат, но конечната одлука е наша. Од правилните избори зависи дали имотот, средствата кои ги имаме ќе добијат или ќе изгубат на вредност. Целта е да поседуваме диверзифицирано портфолио, кое обезбедува ликвидност, сигурност и стабилност на долг рок. Кое е оптималното инвестициско портфолио, кои се алтернативите?

Како да ја обезбедиме нашата сигурност и сигурноста на нашите најблиски, нашиот живот во пензија, што ќе се случува во иднина?
УНИБанка како општествено одговорен субјект во продолжение ќе сподели неколку совети кои ќе придонесат кон носење подобра одлука.
Дали инвестирањето во недвижнини ќе биде исплатливо и во иднина?

И покрај високите продажни цени по метар квадратен последните години купувањето на недвижнини стана еден вид на инвестиција во иднината. Ако направите добра одлука за тоа која куќа или стан ќе го купите, по само неколку години цената на оваа недвижнос ќе порасне и евентуалната идна продажба може да донесе значителен приход. Ако не сакате да ја продадете, тогаш секогаш можете да ја изнајмувате и на тој начин секој месец да имате пасивен приход. Ако сте апсолутно сигурни дека посакуваната недвижност ќе донесе иден приход, а немате доволно средства, опција е и подигнување станбен кредит во банка.

Цената на инвестициското злато и златните монети расте, а во иднина се очекува да бидат уште попривлечни!
Tоа е инвестиција која e отпорна на инфлација, на девалвација, на било какви кризи и тековни случувања. Златото долгорочно ја задржува вредноста, тоа е лесно преносливо средство за екстремни ситуации, исклучително брзо ликвидно средство, а истовремено овозможува диверзификација на инвестициското портфолио. Вредноста на вложувањето во инвестициско злато е уште поголема бидејќи може многу брзо да се продаде (секогаш има голема побарувачка), може да се употребат во одредени ситуации или едноставно да се зачува како вредно наследство за поколенијата. Купувањето на златни плочки и монети е трансакција ослободена од ДДВ, што секако е поттик плус! УНИБанка е единствена банка на македонскиот пазар која прави увоз и тргување со инвестицискo злато, што вклучува тргување со златни плочки и монети со највисока чистота, и која како резултат на тоа го има епитетот “The bank of gold”.

Штедењето е традиционална опција

Штедењето во банка, повторно е во игра! Каматните стапки пораснаа, банките се сигурни и стабилни. Парите кога се чуваат во банка се безбедни од незгоди, како поплави, пожари или кражби, тоа е факт. Ако решите да не ги користите средствата и ги орочите на одреден временски период, постепено заштедата ќе ви се зголемува. Во УНИБанка имате можност да искористите растечка каматна стапка дури до 5%. Звучи примамливо ќе се согласите! Тоа го овозможува т.н. Умна депозитна сметка, со која можете да ја прилагодите заштедата на вашите потреби и можности, а минималниот износ на депозитот е само 15.000 МКД денари.

Штедењето, секако е подобра опција отколку да ги чувате парите дома!
Дали помина златната ера на вложување во акции?
Инвестирањето во акции отсекогаш било популарно, особено во годините кога сакаме заштедениот капитал да го умножиме и да имаме поголема корист од него. Разгледајте ги понудените акции на берзата и одберете добра компанија во која би вложиле дел од вашите средства. При одбирање на акција, внимавајте на следните аспекти: индустријата во која инвестирате, моменталната состојба на компанијата и нејзиниот потенцијал за раст, менаџерскиот тим на компанијата и нејзината отпорност на кризи. Акциите на УНИБанка во 2023 година беа едни од најпосакуваните хартии од вредност во земјава, што е потврда за стабилноста и сигурноста на Банката, на довербата која ја ужива во земјава од акционерите инвеститори, како и од штедачите и деловните субјекти. Можеби баш акциите на УНИБанка ќе бидат вашата исплатлива инвестиција.

Диверзификацијата е секогаш добра!
Без оглед на тоа за што ќе се одлучите, самиот чин дека размислувате е добар почеток. Добрите инвеститори секогаш имаат диверзифицирано инвестициско портфолио. Никогаш не вложуваат само во една опција, и секогаш размислуваат на долг рок. На вас е да одлучите!

To top