Студентите од различни дисциплини, вклучувајќи економија, право, политички науки , детективи и безбедност, имаа можност да го истражат важниот аспект на економската сигурност и комплексноста на ланците на снабдување, преку интерактивна и инспиративна дискусија.
Со гордост споделуваме дека настанот привлече голем број на присутни, преку 80 студенти и професионалци, што го потврдува интересот и ангажманот на нашата заедница. Сесијата беше жива и интерактивна, со бројни прашања и размени на мислења кои го обогатија дискурсот.
Оваа успешна дискусија уште еднаш го потврдува значењето на клиничката настава и ангажманот на студентите во истражување и анализа на актуелни теми.
Дополнителни информации за господинот Jonathan BERKSHIRE MILLER и неговата работа, Ви се достапни на неговиот Twitter профил @J_BerkshireM.За сите дополнителни прашања и информации, ве молиме контактирајте ја нашата служба на [email protected]к