Промо Поддршка на културните проекти

Видеолотарија Касинос Австрија – поддржувач на културата: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

Диригент е Бисера Чадловска, кореографијата ја потпишува познатиот московски балет-мајстор Михаил Крапивин, а базирана е на оригиналната постановка на Михаил Фокин. Сценографијата е дело на Марија Ветероска, костимографијата на Маја Бурсаќ од Србија, а концерт-мајстор е Верица Ламбевска.

Видеолотарија Касинос Австрија – поддржувач на културата: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

Видеолотарија Касинос Австрија останува доследна на својата силна опредеба за промоција и поддршка на уметноста. Во рамки на партнерството со Националната опера и балет, вечерва на големата сцена ќе биде изведена Шехерезада од Николај Римски-Корсаков.

На 5 декември 2025 со почеток во 20.00 часот на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе балетот Шехерезада од Николај Римски-Корсаков. Балетот е базиран на мотивите од „Илјада и една ноќ“ и претставува еден од бисерите на светскиот балетски репертоар.

Диригент е Бисера Чадловска, кореографијата ја потпишува познатиот московски балет-мајстор Михаил Крапивин, а базирана е на оригиналната постановка на Михаил Фокин. Сценографијата е дело на Марија Ветероска, костимографијата на Маја Бурсаќ од Србија, а концерт-мајстор е Верица Ламбевска.

Во балетската претстава ќе настапат: Наташа Трендафилова-Гицев и Балаж Лочеи (Унгарија) заедно со првенците, истакнати солисти, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет.

Поддршката на културните проекти претставува значаен дел од корпоративната стратегија на Видеолотарија Касинос Австрија. Веруваме дека културата е двигател на убавина, инспирација, духовност и заедништво – вредности што ја збогатуваат заедницата и го унапредуваат општествениот живот. Горди сме што стоиме зад настани кои ја подигнуваат културната сцена во земјата.

Најнови вести од Промо

To top