Континуираната експанзија на најголемиот дрогериски ланец во Европа – dm дрогерие маркт продолжува на домашниот пазар. На 16 јануари 2025 година, со почеток од 10 часот, dm ги отвора вратите на својата нова дрогерија во ТЦ „K Mall“.
Во новата дрогерија, покрај СЕКОГАШ ПОВОЛНО цените, купувачите ќе може да уживаат и во попустот од -15% на АПСОЛУТНО СЀ кој ќе трае од 16 па сѐ до 19 јануари!
Покрај ова, на денот на отворањето, купувачите ќе може да уживаат и во дополнителни изненадувања:
- подарок Balea гел за туширање, со секоја сметка над 500 денари
- подарок dm торба за пазарување, со секоја сметка над 700 денари
- подарок dm чадор, со секоја сметка над 1.999 денари
Летокот за отворање може да го разгледате тука.
На денот на отворањето купувачите на dm ќе бидат пречекани и во супер весела атмосфера со DJ!
Општествената одговорност на dm како компанија ни овој пат нема да биде изоставена. Дел од остварениот промет на денот на отворањето ќе биде дониран во хуманитарни цели во ЈОУДГ „Виножито“ – Скопје.
„Се радуваме за отворањето на оваа дрогерија! Ова не е само нова локација, туку и нова можност за дружба со заедницата. Верувам дека секој од нас носи уникатен придонес и заедно ќе создадеме место каде не само што ќе купувате сѐ што ви е потребно, туку и ќе се чувствувате како да сте дел од семејството. Нека оваа нова дрогерија биде полна со инспирација и успеси!“ – Изјави Влатко Најдовски – регионален менаџер за продажба во dm дрогерие маркт.
Дрогериите на dm со својот асортиман на повеќе од 14.000 производи за нега и убавина, производи за нега на мажи и бебиња, природна козметика, органска храна и додатоци во исхрана, како производи за хигиена во домот и нега на алишта се вистинскиот избор за пазарување сѐ на едно место. Повеќе од 3.000 производи се од нивните сопствени трговски марки кои имаат германски квалитет и секогаш поволни цени. Добропознатите dm марки Balea, alverde, dmBio, babylove, Denkmit и сите други, гарантираат идентичен квалитет во сите 14 земји во кои компанијата работи, додека dmBio е бренд со најширока понуда на органска храна во нашата земја.