Број 1 глобалниот вејпинг бренд VUSE ја отвори првата вејпинг зона во East Gate Mall во Скопје. Со оваа зона, VUSE го засилува своето присуство во Скопје, како и во целата земја, ќе им овозможи на посетителите да се запознаат со сите карактеристики, како и ги да купат сите достапни верзии на VUSE уредите. Сите посетители ќе имаат можност да видат како напреднатата технологија и иновативниот дизајн се спојуваат за да создадат нешто уникатно и извонредно, обезбедувајќи помалку штетна алтернатива од пушењето. Vuse е број 1 глобален вејпинг бренд, според уделот на пазарот и првиот глобален вејпинг бренд со јаглеродна неутралнос. Производите на Vuse се достапни на 33 пазари, со повеќе од 10 милиони потрошувачи ширум светот.
Овој производ е водечки вејпинг производ на БAT (Britsh American Tobacco) и истиот е резултат на години истражување, со научни студии кои ги потврдуваат едни од најзначајните предности на VUSE производите. Неодамна објавената покажа дека VUSE е значително помалку штетен во споредба со традиционалните цигари, има подобри резултати за биомаркерите кои се релевантни за болести поврзани со пушењето и испушта пониски нивоа на штетни материи кои се создаваат преку процесот на согорување на конвенционалните цигари.
„Со постојано унапредување на нашите производи, целиме да им обезбедиме на нашите потрошувачи различни алтернативни производи кои се докажано помалку штетни. Новите категории производи стануваат сè посериозни бидејќи возрасните пушачи се повеќе бараат алтернативни никотински производи со намален ризик. Оваа VUSE зона ќе им овозможи на возрасните пушачи кои бараат помалку штетна алтернатива да пробаат што е најдоброто за нив и дознаат повеќе за вејпинг производите“, изјави Саше Николовски, Директор на ТДР СКОПЈЕ ДООЕЛ.
Во новоотворената VUSE зона, потрошувачите ќе дознаат за клучните предности на овие уреди, како што се едноставноста на користење и бројните предности. Меѓу главните предности е отсуството на чад од цигари, значително намалување на непријатниот мирис на кожата, косата и облеката на корисникот, како и во затворените простории каде што производот се користи.