Промо

Пошумуваме заедно за позелено утре: Почеток на третата сезона на еко-проектот на dm, пријавете се и приклучете се на масовното пошумување на 24 ноември!

Пошумуваме заедно за позелено утре: Почеток на третата сезона на еко-проектот на dm, пријавете се и приклучете се на масовното пошумување на 24 ноември!

Компанијата dm со гордост ви го најавува третото продолжение на еко-проектот „Пошумуваме заедно за позелено утре“! Овој проект тие го започнаа во 2022 година, а до сега посадија речиси 60.000 нови садници. Оваа година имаат  за цел да ја стигнат  спектакуларната бројка на 100.000 засадени дрвја!

Започнуваат во Скопје, со уредување на „Рајски парк“ во општина Аеродром, каде ќе засадат повеќе од 300 нови дрвја, а продолжуваат со хортикултурно уредување на дворовите на ОУ „Славејко Арсов“ и детската градинка „Сончогледи“ во Штип.

Сезоната ја затвораат на 24 ноември, кога заедно со сите нас ќе реализираат уште едно масовно пошумување во близина на Велес, во близина на езерото Младост, на површина која беше неодамна уништена од пожар.

Приклучете се на масовното пошумување во близина на Велес со пополнување на оваа пријава! Пријавувањето трае до 15 ноември.

Пошумуваме заедно! Засади денес, за позелено утре.

Главниот мотив за започнување на проектот „Пошумуваме заедно за позелено утре” лежи во стратешката определба, која постои уште од самото основање на компанијата,  да се грижат за животната средина, а притоа да ги мотивираат своите вработени, како и други поединци и компании да го сторат истото, придонесувајќи кон создавање на поздрава животна средина за сите нас и за идните генерации. Не треба да го игнорираме фактот дека природата може без нас, но ние не можеме без неа. Должни сме да ги чуваме и да ги обновуваме природните ресурси, за да можеме адекватно да одговориме на сите предизвици што ни претстојат. А, тоа сакаат да го направат преку зачувување и обновување на шумите, кои се нашиот главен извор на кислород и симбол на животот.

Од компанијата велат дека во нивната корпоративна општествена  одговорност, садењето дрва е повеќе од само еколошка иницијатива. Тоа е начин на кој тие, како компанија, покажуваат дека се посветени на создавање подобро утре. Со секое засадено дрво, тие вложуваат во нашата планета, во нашата заедница и во нашите вредности. Затоа приклучете се во овој еко-проект и проширете ја веста на вашите најблиски!

Најнови вести од Промо

To top