УНИБанка има нова и редизајнирана веб страна, која ќе овозможи уште подобро корисничко искуство за посетителите, а доаѓа како одговор на технолошките промени кои ги носи секојдневието и има за цел да понуди поголема прегледност и да обезбеди полесен пристап до информации.
Со новиот, модерен дизајн, како и одличните функционалности кои ги овозможува, новата веб страна прво има за цел да понудидостапност 24/7 и да обезбеди транспарентност до поголем број на информации, што воедно ќе ги направи сите услуги уште поблиски до потенцијалните клиенти.
Страната има „светски“ изглед, која покрај продуктите и услугите на Банката, содржи интересни и корисни едукативни содржини за сите клиенти, но и за сите оние компании и индивидуи кои на дневна основа сакаат да се информираат за различни актуелни банкарско финансиски теми.
Истовремено овозможувајќи и на Банката на најдобар начин да може да одговори на сите барања и потреби на постоечките и новите клиенти.
Секциите за физички и правни лица од веб страната сега имаат појасен преглед, дизајнот на различните менија и подменија е почист, а разните алатки се оддалечени на само еден клик со маусот. Времето на реакција е исто така побрзо, така што корисниците отсега ќе можат да ја користат страната побрзо, односно за помалку време ќе успеат да најдат токму она што го бараат.
Онлајн аплцирањето како за физички, така и за правни лица, сега е на дофат пред секој кредитен продукт, на овој начин клиентот може да заштеди време и да аплицира во секое време, без посета во експозитура, дневните цени на злато на светските берзи можат да се следат на самата страна, и ова се само дел од новитетите кои ги нуди www.unibank.mk.
Редизајнот на страната на УНИБанка Скопје доаѓа и како одговор на зголемените маркетинг активности кои ги презема компанијата, а во тек со трендовите во дигиталната техноголија, со што очекува не само поголем интерес, туку и поголем број на корисници да ја посетуваат страната на секојдневно ниво. Банката и понатаму продолжува да го базира своето работење на потребите на луѓето, па затоа доаѓа и оваа промена, која дополнително ќе ја доближи Банката до своите клиенти.