Во текот на изминатите неколку дена, на профилите на Јелена Спенџарска, Цеце Николова и Ем Вандера осамнаа многу интересни објави каде ги означија dm дрогериите и ги раскажаа своите инспиративни приказни во кои открија што е она што ги прави да бидат #СкрозЈас.
Јелена Спенџарска во својата објава зборуваше за тајмингот на остварување на нашите желби. Таа вели дека кога во душата ќе почувствувате дека сѐ е возможно и ќе се ослободите од кој било товар, тогаш ќе се случат волшебни работи.
Цеце Николова сподели слики од различни периоди во својот живот и испрати многу убава порака: Исправете се пред предизвиците и погледнете ги како шанса, насмевнете им се на несовршеностите – тие ве прават уникатна личност каква што сте!
Зборувајќи за предизвици, Ем Вандера раскажа дека наместо да се фокусира на недостатоците или работите што посакува да бидат поинакви, избира да го цени она што е добро кај нејзе.
Секој од нас има приказна за раскажување. Што значи #СкрозЈас за вас? Дали сте подготвени да откриете што ве прави уникатни? Да ги следиме социјалните мрежи на dm во наредниот период за да ги споделиме нашите приказни и да видиме што навистина се крие зад овој хаштаг!