Под мотото GIVING IS THE NEW BLACK, најголемиот дрогериски ланец во земјава, на 24 ноември ќе одвои 5% од вкупниот дневен промет од сите дрогерии во хуманитарни цели, за набавка на пакети храна за социјално загрозени сограѓани. Оваа година донацијата ќе биде реализирана преку хуманитарната организација „Свети Спас“!
Изминатите години, во склоп на оваа хуманитарна активност на компанијата беа издвоени средства за повеќе институции и здруженија како Универзитетската клиника за ендокринологија во Скопје, Мрежата против насилство врз жени и семејно насилство „Глас против насилство“ како и Клиничкиот центар во Штип.
Затоа, во петок, на 24 ноември подгответе ги вашите списоци за шопинг и упатете се во дрогериите на dm, каде со своето пазарување истовремено ќе придонесете кон остварување на целта и ќе направите добро дело.
Повеќе информации за ова можете да дознаете на нивната веб страна: dm.mk