Науката има одговор на прашањето зошто некои луѓе не можат да се сетат на своите сништа. Една од причините зошто соништата може тешко да се запаметат е тоа што хемикалиите во мозокот поврзани со помнењето – норепинефрин – и електричната активност на мозокот која помага при сеќавањето, се на најниски нивоа кога сонувате.
Иако се уште не е можно во целост да се утврди зошто навечер сонуваме одредени места или одредени спомени, бои, гласови, глетки, па и луѓе, некои лесно ќе сетат на своите сништа, додека други имаат проблем со тоа.
Ако ви пречи тоа што не можете наутро да се сетите што сте сонувале претходната вечер, постојат можни причини за тоа.
Стрес и трауматично искуство
Истражувањата покажале дека стресот не само што ја нарушува и скратува РЕМ фазата на спиење, туку и го зголемува бројот на будења во текот на ноќта. Покрај стресот, постои и траума, која е слична, но малку поинтезивна – и едното и другото можат да го отежнат помнењето на тоа што сте го сонувале.
Исхрана
Важно е да избегнувате храна која го нарушува сонот – тешка храна, масни и пржени оброци, зачинети јадења, цитрусно овошје, но и газирани пијалаци. Ваквите намирници не се препорачливи ни во текот на денот, а посебно не треба да се консумираат пред спиење.
Покрај ваквата храна и пијалаци, исто така не се препорачува ни консумирање на кофеин, никотин, како ни алкохол, бидејќи сето тоа го нарушува сонот.
Начин на спиење
Се од несоница, па до ноќна апнеја и нарколепсија може негативно да влијае на циклусот на спиење. Исто така, психологот и експерт за сништа Рубин Најман додава дека и пребрзото и прерано будење може да влијае на заборавање на сонот.