За квалитетно спиење не е важно колку спиете, туку во колку часот одите на спиење, покажува новото истражување.
Не е исто да спиете од 23:00 часот навечер до 7 наутро и од 01:00 часот навечер до 9:00 часот наутро. За возрасниот човек најдоброто спиење е она кое започнува пред полноќ и ќе трае до 7 наутро, а тоа може да го забележите сами при промена на часовникот или долг сон.
Потоа ви требаат неколку дена, за да се вратите во нормала состојба. За да може мозокот да работи нормално, потребно е да се наспиете добро, и запомнете дека не е важна должината на сонот, туку ритамот. За тоа, научниците дошле до заклучок дека најдобриот час за спиење е 23:00 часот навечер.
Неправилното спиење може да ве направи омалаксани, раздразливи. Тоа ја намалува меморијата и способноста на мозокот да работи драстично се намалува. Ненаспаноста влијае лошо на целиот организам и го засилува ризикот од инфекции.
Изморените луѓе се повеќе склони кон болести и полесно можат да закачат настинка и грип.