Живот и Стил Истражување

Витамините Б-2 и Б-7 ја ублажуваат Паркинсоновата болест

Научниците и претходно покажаа дека повисоките дози витамини Б може да помогнат во обновувањето на дел од моторната функција кај пациенти кои го тргнале црвеното месо од својата исхрана.

Витамините Б-2 и Б-7 ја ублажуваат Паркинсоновата болест

Истражувачите долго време се сомневаа дека врската меѓу цревата и мозокот има улога во појавата и развојот на Паркинсоновата болест. Неодамнешен научен труд на јапонскиот Универзитет на Нагоја идентификуваше цревни микроби коишто веројатно се поврзани со намалениот рибофлавин (витамин Б-2) и биотин (витамин Б-7), што би можело да укажува на идните, неочекувано едноставни третмани, со витамини од групата Б.

– Дополнителната терапија насочена кон рибофлавинот и биотинот ветува можна терапија за ублажување на симптомите на Паркинсоновата болест и забавување на прогресијата на болеста во телото… Ние сметаме дека недостатокот на витамин Б е поврзан со намалувањето на масни киселини со краток синџир и полиамини – молекули коишто помагаат да се создаде здрав слој на слуз во цревата. Недостатокот на полиамини и масни киселини со краток синџир може да доведе до истенчување на слојот на цревна слуз, зголемувајќи ја цревната пропустливост, кои се забележани кај Паркинсонова болест, објасни истражувачот Хироши Нишиваки, кој е дел во медицинските истражувања.

Ова заболување опфаќа речиси 10 милиони луѓе ширум светот, кои во најдобар случај можат да се надеваат на третмани што ги забавуваат и ублажуваат симптомите. Раните знаци на невродегенеративната болест обично се запек и проблеми со спиењето, и може да потраат до 20 години пред да напредуваат во деменција и исцрпувачко губење на мускулната контрола.

Претходните истражувања покажаа дека луѓето со Паркинсонова болест, исто така, доживуваат промени во нивниот микробиом долго пред да се појават други знаци.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Анализирајќи примероци од столица од 94 пациенти со Паркинсонова болест и 73 релативно здрави контролни примероци ширум Јапонија, Нишиваки и неговиот тим ги споредија своите резултати со податоци од Кина, Тајван, Германија и САД. Иако различни групи бактерии беа проучувани, сите тие укажуваат на витамините Б во телото.

Истражувачите, имено, велат оти промените во цревниот бактериски состав е поврзани со намалување на рибофлавинот и биотинот кај луѓето кои страдаат од Паркинсоновата болест.

Научниците и претходно покажаа дека повисоките дози рибофлавин може да помогнат во обновувањето на дел од моторната функција кај пациенти кои го тргнале и црвеното месо од својата исхрана.

– Значи, можно е високите дози витамини Б да можат да спречат дел од штетата, додава Нишиваки.

– Можеме да направиме анализа на цревната микробиота кај пациенти или да направиме анализа на метаболитите на столицата. Користејќи ги овие наоди, би можеле да идентификуваме лица со специфични недостатоци – оние со намалени нивоа рибофлавин и биотин, кои орално би примале додатоци, така потенцијално создавајќи делотворен третман, заклучи тој.

Сѐ ова посочува дека здравите цревни микробиоми имаат заштитна улога, а намалувањето на загадувачите во околината, исто така, може да помогне. Секако, со оглед на сложениот синџир на настани вклучени во Паркинсоновата болест, веројатно е дека не сите пациенти имаат исти причини и предизвикувачи, така што начниците препорачуваат проценките да бидат повеќе поединечни и индивидуални.

To top