Живот и Стил среќен именден

ВЕЧНО ИМЕ: Лазар, Цветан, Цвета, Лилјана, Калина..

Со Лазарoва сабота се поврзани повеќе обичаи и песни познати како лазарски.

ВЕЧНО ИМЕ: Лазар, Цветан, Цвета, Лилјана, Калина..

Денеска е Лазарова сабота. Саботата пред Цветници се вика Лазарова сабота или Лазарица.

Православните верници на овој ден си споменуваат за чудесното воскресение на четиридневно упокоениот Лазар извршено од Исус Христос. Овој настан бил на шест дена пред предавството и распнувањето на Христос на Голгота.

Според преданието во саботата умрел Лазар од Витанија, а во неделата Исус го воскреснал. Поради тоа во народот неделата се смета за поголем празник од саботата. Според тогашните закони учител можело да биде само лице што наполнило триесет години.

Воскреснувањето на Лазар претставува предвесник на Христовото воскресенување, но и праобраз на општото воскресение на сите луѓе при Второто Христово пришествие. Затоа, впрочем и има големо значаење. Со своето воскресение Исус потврдил дека претстои воскресение за сите луѓе. „Значи нема да воскреснат само праведниците, а грешниците да исчезнат, туку сите ќе воскреснат и ќе се претстават пред Страшниот Христов Суд.“

Именден празнуваат: Лазар, Лазарка, Лазо, Цветан, Цвета и сите имиња што произлегуваат од билки: Лилјана, Калина..

Со Лазарoва сабота се поврзани повеќе обичаи и песни познати како лазарски. Од раните утрински часови групи девојчиња облечени во традиционална невестинска облека одат низ населените места и пеат лазарски песни, кои се со оптимистична и духовита содржина и посакуваат здравје, успех и напредок.

To top