Живот и Стил Совет

Вечерва пред да си легнете испијте чаша вода, дознајте зошто е тоа многу важно

Чашата вода пред спиење особено доколку е млака или топла, го поттикнува варењето и детоксикацијата на организмот.

Вечерва пред да си легнете испијте чаша вода, дознајте зошто е тоа многу важно

Стручни лица советуваат дека недостатокот на вода во организмот води кон депресија, што исто така може да придонесе и за значајно пореметување на спиењето.

Внесувањето вода пред спиење влијае на расположението, односно луѓето кои често пијат вода се посреќни, позадоволни и посмирени.

Чашата вода пред спиење особено доколку е млака или топла, го поттикнува варењето и детоксикацијата на организмот. Топлата вода ја поттикнува и циркулацијата, помага за губење на килограмите, а придонесува и за исфрлање на токсините преку потење.

Водата пред спиење овозможува доволно хидратација, но и ги смалува болките во мускулите и стомакот. Во неа, можете да додадете и малку лимон, што ќе и го збогати вкусот и ќе придонесе за внес на витамин Ц.

To top