„Вистинските” бадникови и божиќни обичаи почнуваат на тој ден, на втори јануари со празникот Св. Игњат. На овој ден во некои краеви во Македонија се месат коледарски колачиња, а некаде се изведува и обичајот полазеник. За полазеник го сметале првиот гостин што доаѓал и го пречекорувал прагот на куќата. Каков ќе биде полазеникот – таква ќе биде и претстојната година за семејството.
Игњат е детето што Исус го носел во својата прегратка. Според народното верување од овој ден започнува да расте денот.
За тој ден се верува дека ќе ви биде онаков како и целата година, до толку што постарите ги заклучувале вратите од своите домови за да не им влезат лоши луѓе и лошо да им тргне.
Лошите баби порано оделе од куќа на куќа на втори јануари да позајмат пари макар и за млеко, само за да на добрите луѓе им тргне лошо годината. Но, ваше право е на тој ден да го вратите секој оној кој ќе ви побара пари и да му речете дека денеска е Св.Игњат и од мојата куќа не излегува ништо, дојди утре.