Во видеото што се шири на интернет, жителите на Лулеа со „крути“ лица одеднаш се разведруваат кога случаен минувач им вели „Здраво“. Видеото е придружено со порака:
„Да се поздравиш со своите соседи е мал потег, но истражувањата покажуваат дека тоа може да придонесе за подобри социјални врски и позитивно влијае врз здравјето, безбедноста и благосостојбата“.