Живот и Стил

Се празнуваат Светите маченици Сергиј и Вакх

Се празнуваат Светите маченици Сергиј и Вакх

Светите маченици Сергиј и Вакх

Овие Свети и прекрасни маченици за верата Христова беа најпрво достоинственици на дворецот на царот Максимијан. И самиот цар многу ги уважуваше заради храброста, мудроста и верноста. Но кога слушна царот дека овие негови двајца достоинственици се христијани, ја измени својата љубов кон нив во гнев. И еднаш кога имаше големо жртвопринесување на идолите, царот ги повика Сергиј и Вакх заедно со него да им принесат жртви, но тие отворено му откажаа послушност во тоа.

Надвор од себеси од јарост, царот нареди и им ја соблекоа војничката облека, ги облекоа во женски фустани; уште им ставија и железни обрачи на вратот и така ги водеа по улиците на градот Рим за потсмев на сите и на секого.

Потоа царот ги испрати во Азија, кај својот намесник Антиох, заради мачење. А овој Антиох се имаше издигнато на својата положба со помош на Сергиј и Вакх, коишто во свое време го препорачаа кај царот. Кога тој почна да ги советува да се одречат од Христа за да се спасат себеси од бесчестење, маки и смрт, овие свети луѓе му одговорија: „И чест и бесчестење и живот и смрт – с ? му е исто на оној што го бара Царството Небесно.“ Антиох ги фрли Сергиј и Вакх во затвор и нареди првин да го мачат Вакх. Слугите се менуваа еден по друг тепајќи го светиот, с ? додека не му го здробија телото. Од здробеното раскрвавено тело на Св. Вакх излезе неговата душа носена од ангелските раце пред Господа.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Тој пострада во градот Варвалис. Тогаш беше изведен Св. Сергиј, когошто го обуја во железни опинци начичкани со клинци и така го туркаа до градот Росаф во Сирија, каде што го убија со меч. Пострадаа и примија венци на бесмртна слава околу 309 година.

Поврзани теми

To top