Живот и Стил

Се празнува Преподобна Пелагија

Се празнува Преподобна Пелагија

Преподобна Пелагија

Покајана грешничка. Родена е како незнабошка во Антиохија. Од Бога имаше голем дар на телесна убавина, а ја употребуваше за погибел на својата душа и на други. Со блуд се имаше збогатено многу. Минувајќи еднаш покрај црквата на Светиот маченик Јулијан, во која проповедаше епископот Нон, таа намина во црквата и ја слушна проповедта за Страшниот Суд и казната за грешниците.

И овие зборови толку ја потресоа и изменија, што одеднаш се згнаси од себеси, се исплаши од Бога, се покаја за своите нечисти гревови и припадна пред Св. Нон со молба да ја крсти. „Смилувај се на мене, грешната, и крсти ме и научи ме на покајание; јас сум море од беззаконија, амбис на пропаста, мрежа и орудие ѓаволско.“

Така го молеше оваа покајничка со солзи Христовиот архиереј. И тој ја крсти. На Крштението ? беше кума блажената Романа, ѓаконисата на оваа црква, којашто потоа како нејзина духовна мајка добро ја утврди во христијанската вера. Но Пелагија не беше задоволна само со Крштението.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Чувствувајќи ја тежината на своите многубројни гревови и при голема грижа на совеста, се реши на голем подвиг. Своето огромно богатство собрано со грев им го остави на сиромасите и тајно отиде во Ерусалим, каде што под машко име, како монах Пелагиј, се затвори во една келија на Елеонската Гора и почна тежок подвиг на пост, молитва и бдеење.

По три години ја посети ѓаконот на Св. Нон, Јаков и ја затекна с ? уште жива, но кога по неколку дена повторно ја посети, го најде нејзиното тело мртво и чесно го погреба. Св. Пелагија се упокои околу 461 година. Така оваа некогашна грешничка со покајание и ревност Го смилостиви Бога, доби прошка за гревовите и се освети. Нејзината очистена и света душа се удостои со Царството Божјо.

To top